Според активистите непријатна миризба и чад се чуствува се до Охрид. Тие најавија дека нема да се откажат од битката за чиста животна средина се додека депонијата во Буково и струшката не се дислоцираат.
Жителите на околните села во близина на Буково кои неодамна протестираа велат дека депонијата која неконтролирано гори им го загрозува здравјето и бараат трајно решение на проблемот.
Од ЈП „Охридски комуналец“ објаснуваат дека има пожар порди присуството на неовластените лица на депонијата кои предизвикуваат пожари.
Според локалната власт Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораките од УНЕСКО, предвидува депонијата „Буково“ да биде затворена. Посочуваат дека преземањето на оваа мерка зависи од одлуката за одредување на локација и отворање на регионална депонија за Југозападниот регион.