Медицинскиот отпад редовно се прима од ЈЗУ и ПЗУ согласно договорите со здравствените установи и истиот се согорува во печка за согорување.
При инспекцискиот надзор се констатираше дека согласно А Интегрираната еколошка еозвола во Додаток 3 се наведени 22 шифри на опасен отпад за кои субјектот не поседува инсталација за третман и/или преработка на опасниот отпад, а исто така во дозволата не се опишани операциите, постапките, ракувањето и отстранувањето на опасниот отпад за овие шифри.
Поради претходно наведеното, донесено е решение со кое на правниот субјект му се забранува прием и третман на опасен отпад за шифрите од Додаток 3 од А Интегрираната еколошка дозвола за кои не поседува соодветна инсталација, а исто така треба согласно решението да се раскинат сите договори склучени со правни лица за прием и третман на видовите опасен отпад со наведените шифри, за своето постапување да го извести Државниот инспекторат за животна средина.

Исто така, по пријава преку електронска комуникација за истекување на јаловина од скршена каналетка од транспортниот систем во рудникот во Пробиштип „Булмак 2016”, извршен е вонреден инспекциски надзор на ден 25 и 26 август, при што е констатирано дека има истекување на јаловина од скршена каналетка на земјениот пат под старото јаловиште на површина од околу 10 до 15 метри во должина и околу 1 метар во ширина, и преку патот навлезено во кругот на поранешна сепарација каде има зафетено површина околу 20 до 30 м2.
Не е навлезена јаловина во река Киселичка бидејќи е реагирано навреме и скршената каналетка е сменета со нова.
Еколошкиот инцидент се случил на 22.08.2021 во 4 часот утрото.
Издадено е Решение со кое се задолжува правниот субјект во рок од 5 (пет) дена да изврши чистење на површината зафатена со јаловина и враќање во првобитна состојба.
Направен е Записник за започнување на постапка за посредување за трета категорија на прекршок по Законот за животната средина и Барање за поведување на постапка за посредување согласно член 212г до Комисијата за посредување при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Висината на глобата од Трета категорија за правното лице е до 100.000 евра во денарска противвредност, а за одговорното лице глобата е 30% од одмерената глоба за правното лице.
За статусот на предметот и одлуката на Комисијата за посредување при МЖСПП, ДИЖС ќе ја извести јавноста навремено.
Државниот Инспекторат продолжува континуирано со вршење инспекциски надзори согласно Годишниот и Месечниот план за редовни, односно вонредни и контролни инспекциски надзори, а за своето постапување ќе ја известува редовно и транспарентно јавноста преку Интеренет страницата, Фејсбук профилот и преку медиумите.