Раст на депозити и кредити
Во октомври е забележан значителен раст на финансиските средства во банките, при што вкупните депозити бележат годишно зголемување од 11,8 проценти, а кредитите растат за 12,1 процент. Годишниот пораст на депозитите кај населението достигнува 14 проценти.
„Порастот на вкупните депозити, пред сѐ, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор. Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти“, соопшти Народна банка на Македонија.
Промени кај поединечните кредити
Кај автомобилските кредити се забележува намалување на годишно ниво од 1,9 проценти. Пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички.
Населението за кредити должи 4,4 милијарди евра, а компаниите 4,2 милијарди евра. Вкупниот долг на граѓаните и компаниите кон банките достигнува 8,7 милијарди евра, додека во јануари вкупната вредност на кредитите беше 8 милијарди евра.
