Поминаа 10 години од петкартното убиство кај Смилковското езеро. Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 10 години беа сурово и свирепо убиени пред христијанскиот празник Велигден.

-Одадовме почит за рано згаснатите животи на младите момчиња, кои без никаква причина платија со своите животи.
Денес засадивме 5 дрвца во двророт на Црквата Св. 40 маченици кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи. Слава им!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.