– Овој историски резултат ќе остане засекогаш запаметен бидејќи е прв златен медал во историјата освоен на едно вакво големо европско натпреварување. Дејан Недев во финалето успеа да го победи Роман Лукианетс од Украина, а предходно ги победи преставниците на Полска, Кипар, Литванија и Романија. По овој резултат Дејан Недев се стекна со највисокото Национално спортско признание што му го додели нашата држава, информираат од МТКФ.

Дејан Недев и ден денес е активен спортист, натпреварувач и тренер кој пред две недели во Белград на 35. ЕТКФ Европски шампионат ја освои осмата европска титула по ред во дисциплината кати поединечно.