Жртвите се задушиле бидејќи преполниот брод бил на море повеќе од 13 часа, соопшти организацијата.

-Овие десет смртни случаи можеа да се избегнат. Како и другите 1.225 кои загинаа оваа година во обид да стигнат до Европа преку Медитеранот, се наведува во соопштението од Лекари без граница.

Спасувачкиот брод управуван од Лекари без граници реагирал откако волонтерите кои вршат воздушно надгледување го потврдиле повикот за помош на околу 30 километри од либискиот брег.

Гео Баренц сега превезува 186 луѓе, од кои најмладиот има 10 месеци, пренесува Анадолија.

Над 59.000 баратели на азил стигнаа до италијанскиот брег годинава, што е 50 отсто повеќе од минатата година.