Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите карантин.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано Ковид-19, во случај да е асимптоматско, потребно е да поминат десет дена од тестирањето, или десет дена и три дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи.

Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на Ковид-19, каде што се следат специјални протоколи.

Во однос на туристите во Грција кои се блиски контакти на заразеното лице, во карантин влегуваат доколку се невакцинирани или немаат прележано Ковид-19.

Како што пишува во упатствата на Националната организација за јавно здравје на Грција, за „укинување на карантинот на блиските контакти на туристите, кои беа дијагностицирани како случаи на Ковид-19 на влезните точки или за време на нивниот престој во земјата“, потребно е да поминат седум дена во карантин од последниот контакт со потврдениот случај и на седмиот ден да имаат негативен резултат од молекуларен тест или пак да останат 14 дена во карантин без да се тестираат.

Целосно вакцинираните или оние кои во претходните шест месеци биле заразени, доколку се близок контакт на заразено лице се ослободени од карантин, но потребно е да направат молекуларен тест.