Над 126.000 учесници на официјалните протести низ Србија
Денеска во Србија се одржаа 111 собири под мотото „Граѓани против блокади“, со учество на вкупно 126.399 лица, соопшти директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ.
Тој истакна дека сите регистрирани собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак се појавиле ненајавени групи кои се обиделе да ги попречат официјалните протести.
„Во Шабац, сообраќајот беше затворен, а граѓаните кои учествуваа на собирот беа запрени од друга група од околу 400 лица. Можеше да се случат инциденти, па лично разговарав со организаторите и со претседателот Александар Вучиќ, и предложив промена на рутата, што тие го прифатија. На официјалниот собир беа над 4.200 луѓе, значи десет пати повеќе. Им се заблагодарувам за разбирањето“, рече Васиљевиќ.
На овој начин, полицијата успеала да го одржи јавниот ред, а протестите поминале без поголеми нарушувања.