Десетина активни пожари низ државава

Десетина пожари сè уште се активни низ цела Македонија. Пехчево повторно е прва мета. Синоќа таму повторно избувна пожар во кој изгоре и џип на локалната самоуправа.

(ВИДЕО) При гаснење пожар изгоре единственото возило на пожарната во Пехчево

Кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која е договорено гаснење на пожарот во раните утрински часови, се дејствува со два полициски хеликоптера.

Пожари на Јасен, гори и во околината на Ресен

Во гаснењето на пожарот учествуваат и пожарникари од околните градови, од Национални шуми и доброволци. Пожарот на Јасен сè уште не е ставен под контрола и се движи кон ловиштето, а вториот крак се движи во насока кон селото Белица, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да ја зафати густата шума.

Гори и во Новаци и Кичево

Активен пожар има и во општина Новаци којшто зафаќа голема површина на која гори ниска вегетација, а два тешки пожара има и на територијата на Кичево, велат од ЦУК.