Политичарот од СДС вели дека јавниот впечаток се менува благодарение на транспарентноста на институциите и владеење на правото

На телевизија Алфа, во емисијата „Заспиј ако можеш“, членот на СДС, Јован Деспотовски, говореше за впечатокот што граѓаните го имаат за владеење на правото во државата. Тој нагласи дека јавноста почнува да гледа можност за спроведување на законот, но дека потребата за политичко дополнително подгревање на стравот е непотребна.

„Кај луѓето, кај јавноста почна да се менува впечатокот дека сепак во државата може да се постигне владеење на правото. Јавноста се гледа дека е вознемирена од темата, дали е тоа причината исклучиво од тоа што СДС ја држи темата активна веројатно да, делумно. Јас кога би бил носител на позиција во СДС од којашто ќе се одлучува би го отворил како прашање, меѓутоа ако од нашиот политички опонент добиете став нема да се случи – океј“, рече Деспотовски.

Спекулациите за нелегални мигранти се непотребни, институциите веќе ги отфрлиле

Тој ги коментираше и шпекулациите за нелегалните мигранти, истакнувајќи дека нема причина да се подгрева страв кај граѓаните.

„Многу едноставно се проверува тоа затоа што ќе се случи во февруари, во март, во април, следната година, за две години, сеедно. Би ја отворил темата доколку вие како политички опонент излезете и кажете не, не е така, би застанал тука затоа што нема потреба дополнително да го подгревате стравот кај граѓаните. А лесно се проверува затоа што нема да ги скријат, ние не зборуваме за 10-15 луѓе или еден дошол па сме му дале пасош, тука стануваше збор за стотици или илјадници, сметам дека во моментот нема причина зашто да сметаме дека работите се поинакви од она што веќе се доби како информација односно потврда од страна на највисоките претставници на институциите“, заклучи Деспотовски.