Ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево со демант.

Приведен Јован Деспотовски: Проневерил два милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип?

Порашениот директор на ТИРЗ, Деспотовски дека нетеочно е дека е приведен. Тој обвинува за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста.

Неговата изјава ја пренесуваме во продолжение:

„Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни.

Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед.

Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации“, вели Деспотовски.

Извор: ТВ21