Доколку не бидам избран за Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на внатрепартиските избори, нема да прифатам никаква понудена партиска функција – ваква иницијатива испрати денеска до сопартијците Јован Деспотовски.
Бара преку потпишана изјава да се обврзат дека наместо пазарење со функции ќе се посветат на иднината на партијата. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови, вели Деспотовски за Сител.
Деспотовски кој потврди дека ќе влезе во трката за нов партиски претседател вели дека на партијата и треба лидер, а не пазарџија. Очекува сите кои ќе влезат во трката за нов лидер да ја потпишат изјавата.
Во трката за претседател и официјално влегува Славјанка Петровска. Иако се споменуваат и имињата и на Венко Филипче, Стефан Богоев, нема потврда дека поднесуваат кандидатура. Рокот за пријавување е до четврток, а внатрепартиските избори се закажани за 30 јуни.