Атрактивни за гледање и слушање беше познатиот балкански квартет „Destiny Quartet“ синоќа во Филхармонија, препознатлив по својот разновиден репертоар составен од модерни аранжмани на класични дела, филмски партитури и популарни музички хитови.
Во едночасовното концертно шоу со оригинално сценарио, кореографија и впечатливи визуелни ефекти, предизвикаа овации меѓу публиката во преполната сала со и со шармантните обраќања.
Самостојниот концерт на „Destiny Quartet“ беше насловен како „Љубов без граници“, што всушност ја доловува и филозофијата на квартетот.
Ова, во пракса го демонстрираат со голем број соработки во регионот, меѓу кои гостувањето на концерт на Влатко Стефановски и разработката на познатата народна песна „Јовано Јованке“ со дуото Александар и Дац