На 23.11.2021 околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на основно училиште „Живко Брајковски“ на ул.„Хо Ши Мин“, М.Б. од огнено оружје пукал во паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле М.А. и А.У.(34), двајцата од Скопје.

Притоа, со повреди се здобиле М.А. и А.У., по што М.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.