Трагичен крај на празниците во „Блок 70“

На последниот ден од декември, во еден стан во „Блок 70“ во Тетово, се случила трагедија што го потресе градот. Според првичните информации, 65-годишен татко и неговиот 39-годишен син, кои живееле сами, се скарале. Набргу по расправијата, таткото пукал во синот со ловечка пушка, нанесувајќи му смртоносна повреда.

Телото на жртвата било откриено два дена подоцна, на 2 јануари, откако пријателите на починатиот, загрижени што не можеле да стапат во контакт со него, ја повикале полицијата. Со помош на пожарникари, вратата од станот била отворена. Внатре, полицијата го пронашла телото на синот, додека осомничениот татко бил во бесознание.

Таткото хоспитализиран поради лоша здравствена состојба

Таткото беше пронајден во бесознание и итно пренесен во Клиничката болница во Тетово,“ изјави Фатмир Реџепи, портпарол на полицијата. Осомничениот е под медицинска грижа на невропсихијатриското одделение, поради неговата тешка психичка и емоционална состојба.

Истрагата открива детали за ШОКАНТНАТА ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО

Според обвинителството, жртвата, идентификувана како С.Н. (39), била погодена со куршум во градниот кош, што предизвикало моментална смрт. Осомничениот татко останал во станот со телото на својот син, сè до доаѓањето на полицијата.

Јавниот обвинител предложил мерка притвор за осомничениот, кој ќе биде изведен пред истражен судија веднаш штом неговата здравствена состојба се стабилизира.

Семејството не било пријавено за насилство

Истражителите утврдиле дека семејството нема претходни пријави за насилство. Во станот биле пронајдени ловечки пушки, регистрирани со соодветна дозвола.