Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала во 2:43 часот ја погоди Албанија.
Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан.
Земјотресот бил почувствуван низ целата земја, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Регистрирани се и неколку послаби потреси.
Засега нема информации за евентуална материјална штета. Поради близината потресот е почувствуван и во западниот дел на Северна Македонија.