Вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје, М.А.М.(40) од Скопје пријавила дека околу 16.15 часот на ул.„Неготинска“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.
Во 20.30 часот, пак, А.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Бутел нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.