На 22.01.2023 во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров“ во Скопје паднал 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното од мајката, малолетникот паднал во моментот додека бил сам во собата.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.