На 01.09.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Рашче-с.Долно Свиларе, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(24) од с.Рашче, удрило во малолетен пешак од с.Долно Свиларе, информира МВР.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.