Во просториите на Филхармонија овој викенд, 18 и 19 јуни, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња 2022“.
-Во овој јунски долгоочекуван викенд, детските чекорчиња ќе брзаат кон Филхармонија, со желба да уживаат и пеат заедно со Поки и дечињата на новото издание на најомилениот детски фестивал во Македонија „Поточиња 2022“, соопштија организаторите.
Како што информираат, на денот на секоја од претставите, и во сабота и во недела, освен преку МК ТИКЕТС, карти ќе можат да се купат и на билетарата на Филхармонија.
-Овој викенд несомнено ќе биде исполнет со детски џагор и мелодијата на новите хитови на „Поточиња“! Време е за песна и безбројни детски насмевки!, посочуваат организаторите на фестивалот.