Деветгодишно дете нападнато и повредено – случајот го истражува ОВР Виница

Деветгодишно дете било нападнато од сосед во Виница. Детето завршило со повреди на главата и телото, откако вчера, во 19:51 часот, било донесено од страна на родителите во Итната медицинска помош во Виница. Настанот веднаш бил пријавен во Отсекот за внатрешни работи Виница.

Според првичните информации, детето било нападнато од соседот С.Т. (45), чие дејствување се води како насилство врз малолетно лице. Причините за нападот засега не се познати, а полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ОВР Виница ги преземаат сите неопходни мерки за утврдување на фактите.

  • „По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.