Девет лица загинаа, а 17 се ранети во вчерашното гранатирање на предградијата на Запорожје во јужна Украина, изјави заменик-градоначалникот Анатолиј Куртиев.

-Оттогаш, војската прогласила 38-часовен полициски час во Запорожје, кој беше нападнат од руските сили со минофрлачи, тенкови, хеликоптери и ракетни системи, рече Куртиев на својата веб-страница.

„Не излегувајте во ова време! Предупреди Куртиев. Претходно овој месец беше гранатирана нуклеарната централа во близина на Запорожје, додаде тој.

Полицискиот час стапува на сила во 16 часот по локално време и завршува во 6 часот наутро во понеделник, соопштија властите. Воведувањето полициски час не е детално објаснет, но градот, кој прими илјадници бегалци од опколениот Мариупол, е спорадично ракетиран од руската армија. Исто така, градот може да се најде на патот на руското напредување од опколениот пристанишен град Мариупол.