Десетгодишно девојче е тешко повредено откако било погодено од заталкан куршум во двор од куќа во скопското село Глумово. Настанот бил пријавен на 31 јануари околу 16 часот во СВР Скопје.

Детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од надлежните засега соопштуваат дека се работи за повреда во пределот на ногата и дека се преземаат мерки за утврдување на потеклото на куршумот.

Случајот се истражува, а околностите под кои е испукан куршумот сè уште не се познати.