Две малолетнички нападнале девојче во парк во Ѓорче Петров и го објавиле нападот на интернет, соопшти МВР
Шокантен случај на врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров, каде две девојчиња претепале своја врсничка, а потоа со слика од настанот се фалеле на социјалните мрежи.
Случајот е пријавен од мајката на нападнатото девојче. Имено, вчера, 31 март, во 20:55 часот, В.П.(50) од Скопје пријавила претходниот ден околу 12:30 часот во паркот во Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала.
Подоцна, едната од нив објавила слика од настанот на социјална мрежа.
Полицијата презема мерки за расчистување.
