Шеснаесетгодишна малолетничка вчера била пронајдена во безсознание во скопската населба Карпош. Кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашеста материја и бела грутчеста материја.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека малолетничката е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со неа бил и П.С.(18) од Скопје.