На 29.01.2024 во 22.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај место викано „Антена“, патничко моторно возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(24) од Кавадарци, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.С. констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.