Диего Форлан, според последните информации, е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај.
Тој би требало да го наследи Марсело Биелса, кој ја напушти функцијата по неуспешниот настап на Светското првенство.
Медиумите од оваа земја пишуваат дека планот е Форлан да ја предводи репрезентацијата за време на септемврискиот, октомврискиот и ноемврискиот репрезентативен циклус, како и на пријателските натпревари до март 2027 година.
Форлан има 47 години, е една од најголемите легенди на уругвајскиот фудбал.
За националниот тим настапи на 112 натпревари и постигна 36 голови, оставајќи длабока трага во историјата на репрезентацијата.
