Дијабетичарите утре во 19 часот ќе излезат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери. Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија се одлучи за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.

„Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации… Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето што можеше ‘нашето’ Министерство за здравство и „нашата“ Влада, ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терaпија, благодариме, но не ја добиваме! Зошто? Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одгворните сите рокови … затоа што дојде време да си го земеме она што по Устав, закон и буџет ни следи“, велат од Сојузот.

Свесни за жештините, од Сојузот ги повикуваат сите кои се во можност да дојат на протестот.