Гласањето на болните, немоќните и затворениците во четири општини тече без пречки

Државната изборна комисија информира дека денеска непречено се спроведува гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, во рамки на повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.

ПРЕД УТРЕШНИТЕ ПОВТОРЕНИ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК: Денеска гласаат болните и затворениците во четири општини

Гласање за болни и немоќни лица

Според податоците на ДИК, вкупно 249 болни или немоќни лица имаат можност да го остварат своето избирачко право. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 во Врапчиште, 69 во општина Маврово и Ростуше, додека две лица гласаат во Центар Жупа.

Право на глас во казнено-поправните установи

Со почеток во 7 часот, гласањето се спроведува и во седум казнено-поправни установи, каде што 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор имаат право да гласаат на овие избори.

Непречен изборен процес

Од Државната изборна комисија соопштуваат дека гласањето започнало утринава во 7 часот и досега се одвива без какви било проблеми или забелешки.