Денеска во сите општини, вклучително и во Градот Скопје, се одвива гласањето за болни и немоќни лица, затворени и притворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, информира Државната изборна комисија (ДИК).
„Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје“, стои во соопштението од ДИК.
Според податоците од комисијата, денеска право на глас остваруваат 4.826 болни и немоќни лица, 1.256 лица во 14 казнено-поправни установи и 214 граѓани сместени во 13 центри за вонсемејна грижа.
Во вториот круг од локалните избори 2025 утре ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
