Османи веќе ги собра потребните граѓански потписи за претседателски кандидат, а водејќи се по објавените резултати најверојатно втор кој ќе ги собере овие потписи е Максим Димитриевски.
Најновите податоци од ДИК се:
Максим Димитриевски – 8400 гласови
Арбен Таравари – 7513 гласови
Билјана Ванковска – 6237 гласови
Стевчо Јакимовски – 4718 гласови
Освен гореспоменатите кандидати, сите останати се далеку под бројката од 1000 гласови.
Голема е веројатноста овие четири кандидати и Бујар Османи (кој веќе ги собра гласовите) да се придружат на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Засега, според овие информации Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ќе имаат реванш од 2019-та година.
Ова се деветте претседателски кандидати кои ќе трчаат по столчето на Вила Водно
Трката за претседателски кандидат засега брои 11 учесници од кои дел од нив засега најверојатно нема да ги соберат потребните гласови.
Радио Лидер направи илустрација на кандидати за претседател: