Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше е 18,18 отсто. Гласале 23.298 гласачи од вкупно запишаните 128.286 гласачи, пренесе Макфакс.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Ова е зголемување во споредба со излезноста до 13 часот.
До 13 часот излезеноста на повторените избори изнесува 8,89 проценти
