Државната изборна комисија ги објави првичните финални изборни резултати каде ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кои се претпоставува дека ќе коалицираат во идната влада надминуваат 70 мандати, односно 71. Оваа бројка е доволно за стабилно мнозинство во Владата, а според многумина можно е партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски да биде дел од владата.

Конечната распределба на мандати би била следнава:

Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ би имала 58 мандати, втора политичка сила е коалицијата „ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ со 19 мандати, трета е коалицијата за „ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ со 18 мандати. четврта е коалицијата „ВЛЕН“ со 13 мандати, а свое место со по 6 мандати ќе имаат политичката партија „Левица“ и движењето „ЗНАМ“.

Конечниот број на гласови по обрабени 99 отсто од гласачките места е следниов:

1. Коалиција за „Европска иднина“ предводена од СДСМ
153.250 гласови
15,36 отсто

2. Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ
431.251 гласови
43,23 отсто
3. Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ
4.543 гласови
0,46 гласови

4. Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’
137.486 гласови
13,78 отсто

5. Политичка Партија ЛЕВИЦА
67.338 гласови
6,75 отсто

6. КОАЛИЦИЈА ВЛЕН
106.991 гласови
10,72 отсто

7. Движење ЗНАМ – За Наша Македонија
55.539 гласови
5,57 отсто

На единаестите избори по ред Македонија го казни лошото владеење на СДСМ и ДУИ и извесно е дека и двете опции одат во опозиција.