Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница одобри уште 347 акредитации за набљудување на вториот круг од локалните избори, а на дневен ред на седницата се и постапување по приговори за заштита на лично избирачко право и постапување по приговори на гласачите кои се одбиени за гласање како болни и немоќни лица.

ДИК одобри акредитација како дополнување на уште 221 набљудувач од Аксиос 2017, дополнување на 125 набљудувачи од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце, како и за едно лице од Амбасада на Кралството Шпанија.

Седницата беше прекината и треба да продолжи по пауза од половина час по приговорите за заштита на лично избирачко право.