До 13 часот на вториот круг од локалните избори за градоначалник на Град Скопје, правото на глас го искористиле 15,28 проценти од избирачите, односно 71.849 гласачи, информира Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг, забележан е пад на излезноста тогаш на гласање излегле 20,07 проценти од гласачите во главниот град.

Како се гласало по општини

Од општините во Скопје, најголема излезеност досега е забележана во Карпош со 22,14 проценти, а веднаш зад неа е Центар со 21,58 проценти.
Во Кисела Вода гласале 19,57 проценти, во Аеродром 19,21 проценти, додека Ѓорче Петров има 15,92 проценти одѕив.

Во Гази Баба излезноста е 14,24 проценти, во Бутел 13,30, а најмала е во Сарај со само 3,57 проценти.
Во Чаир гласале 5,34 проценти, а во Шуто Оризари 12,78 проценти од избирачите.

Национален пресек на излезноста

На ниво на целата држава, излезноста до 13 часот изнесува 19,96 проценти, што значи дека гласале 134.124 граѓани.
Во првиот круг на локалните избори, процентот бил нешто повисок – 20,12 проценти.

Најголем интерес за гласање е забележан во Пробиштип, каде на гласање излегле 36,66 проценти, додека најслаба излезност има во Шуто Оризари, со 12,78 проценти.
Ниска излезност е регистрирана и во Куманово, каде до 13 часот гласале 13,34 проценти од избирачите.