– Заклучно 29.08.2021 до 21:00 часот вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.
Во Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk, исто така, се поднесени вкупно 25П барања.
Постапката за увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври.