Актуелната локална власт предводена од СДСМ не успеа да ги обезбеди најосновните потреби и услови за нормален живот, како што се чиста и здрава вода за пиење, фекални канализации и чиста животна средина. Немаше транспарентност и отчетност во работата, вели кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение неговата прес конференција
На локалните избори во 2017-та година ветуваа „Живот во Јегуновце “, но живот во Јегуновце за жал, има само за нив и за дел од нивните семејства и сопартијци.
Сведоци сме дека во изминативе речиси четири години единствена константа во нивното работење се партиските вработувања. Најпрво на чело на институциите во општината поставија кадри кои во најголемиот дел се одликуваат со неспособност и некадарност, но истите покажаа исклучителна способност во вршењето мобинг и притисоци врз вработените лица.
Градоначалникот на СДСМ е само локален шериф и наместо идеи и решенија нуди магла.
Во Јегуновце доаѓа време на промени и јас како иден градоначалник ќе ја направам општина Јегуновце сервис за сите граѓани, ќе бидам транспарентен и отчетен во мојата работа.
Нашата општина Јегуновце е соочена со многубројни тешки предизвици коишто се закануваат да ја ослабнат нејзината економска состојба: Последиците од пандемијата со КОВИД 19, невработеноста, неконтролираното и масовно иселување на младото население, изумирањето на локалната економија итн.
Јегуновце се сака со конкретни дела, а не само со празни флоскули за попросперитетна иднина.
Општина Јегуновце да се здобие со поголема финансиска самостојност, за да може да ги оствариме конкретните замисли. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди и сериозна Програма за вистинско решавање на проблемите на нашите сограѓани и за просперитет и развој на општина Јегуновце.
Ќе обезбедиме чиста и здрава вода за пиење во секое населено место и во секој дом
Ќе се ангажираме да донесам инвеститори преку кои ќе се отворат нови работни места.
Ќе им даваме поддршка на постоечките фирми на територија на општина Јегуновце
Ќе им даваме безрезервна поддршка на земјоделците, младите, невладините организации и здруженија.
Општина Јегуновце мора да тргне напред. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија, време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, посочи Костадиновски.