Нема да коалицира со СДСМ

Со актуелното раководство на СДСМ, кое многу се огреши, нема теорија да коалицираме. Со ВМРО-ДПМНЕ, прво да расчистат со заостанати коруптивни дела од претходната власт, порача од Велес, Максим Димитриевски претседателскиот кандидат на ЗНАМ.

Тој и одговори и на противкандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, дека без кворум од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, измените на законот за кривична одговорност немало да поминат.

Да ја заживееме економијата

Нема да добиете бесконечен број на ветувања од ЗНАМ, но тие што ќе ги кажеме, ќе ги реализираме. Наша цел е да ја заживееме економијата, да го сопреме иселувањето, порача носителот на листата од ИЕ 3, генералот во пензија Павле Арсовски.