Ако се прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе плаќавме 80,99 денари за Еуросупер 95, 83,14 денари за Еуросупер 98 и 86,14 денари за дизел, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска

Со одлуката на владата денес плаќаме 86,50 денари за Еуросупер 95, 88,50 денари за Еуросупер 98 и 88 денари за дизел.

-Но, она што е уште поважно, транспортерите ќе имаа трошок од 68,64 денари наспроти сегашните 78,64 за Еуросупер 95, 70,46 денари наспроти сегашните 80,46 денари за Еуросупер 98 и за дизелот ќе плаќаа 73 денари наспроти 80 денари.Ова е показател колку владата се грижи за граѓаните, пишуваа таа на Фејсбук.