Силен индустриски импулс – раст забележан во рударството, производството на опрема, возила и мебел
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, истакна дека зголемувањето на индустриското производство за 9,4% во мај 2025 година, во споредба со мај 2024, претставува јасен показател за стабилен курс на раст на македонската индустрија.
Индустриското производство во март порасна за 5,2% – Мицкоски ја поздрави позитивната вест
Во својата објава на Фејсбук, министерката нагласи дека најголем пораст е забележан во рударскиот сектор, со раст од 18,8%, а преработувачката индустрија порасна за 9%, со доминантен придонес од:
Прехранбена и текстилна индустрија
Производство на пијалаци
Фармацевтски и хемиски производи
Производство на електрична опрема, возила и мебел
„Ова се силни сигнали дека индустријата зазема стабилен курс на раст – поддржуваме домашно производство, извоз и економски развој!“, напиша Димитриеска Кочоска.
Позитивни трендови според официјалната статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во мај 2025, во споредба со истиот месец лани, забележало следниве резултати по индустриски групи:
Интермедијарни производи (освен енергија): +13,7%
Капитални производи: +13,5%
Нетрајни производи за широка потрошувачка: +6,6%
Наспроти тоа, евидентирано е опаѓање кај енергијата (-8%) и трајните производи за широка потрошувачка (-9%).
Производството на електрична опрема води со најголем раст
Најголеми пораст на индустриско ниво е забележан во:
Производство на електрична опрема: +31,2%
Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +21,8%
Производство на машини и уреди: +18,4%
Индексот на индустриско производство за периодот јануари – мај 2025 година изнесува 103,3, што укажува на континуиран позитивен тренд.
Извор: Курир