Поголем срам од тоа не можеше да ни се случи, поголем удар врз репутицацијата на државата не можеше да се случи. Прво премиерот, ако беше ова нормална држава, ќе си поднесеше оставка веднаш, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во врска со пропаднатата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра во денешното интервју во емисијата „Десет минути“ на телевизија 21.

 

Таа посочи дека ваков срам на мегународната финансиска сцена им се нема случено ниту на полошите, ако ги има, земји од нас кои што издаваат еврообврзници и со тоа ќе се доведе до нарушување на кредитниот рејтинг на Македонија кој што се градел со години.

 

„Ова е најголем срам и во исто време нешто што со години, внимавајте со години се гради тој кредитен рејтинг пред тие меѓународни институции, ние сега го срушивме како кула од карти за една минута. На крајот од денот, ирелевантно е кој е крив. Одговорност мора да има. премиерот требаше да си понесе одговорност, затоа што тој тргнува како човек кој што е на чело на владата. Можеби министерот за финансии немал информации дека ќе дојде до промена на министерот за правда, но премиерот е тој кој што ги има тие информации. Како дозволи да започне една таква активност пред да го заврши овој циклус“, рече Димитриеска Кочоска

 

Таа додаде дека најинтересно од се е што еден ден пред да се случи тој срам, веќе министерството за финансии има спроведено аукција од која што има собрано од банките во Македонија 130 милиони евра, иако понудата на банките во тој момент е и поголема, а поголема е бидејќи каматната стапка која што ја понудиле на две години 5,25.

 

Кочоска додаде дека ваквата камата ја понидило Министертсвото за финансии, а тоа не само индиректно туку и директно влијае на зголемување на каматите и на потрошувачките кредити, и на станбените кредити, и кредитите за фирмите.

 

Таа посочи дека при наредното издавање на еврообврзница за која министерот Фатмир Бесими истакна дека можеби нема да биде 600 милиони евра туку 500 милиони, но таа ќе биде со камата од 7% за четири години, наместо со камата како претходната пропадната обврзница по 6,25%, а со тоа од грбот на грашаните ќе треба да се платата 18 милиони евра само за камати.

 

„После оваа активнот што ја направи министерството за финансии, веќе приватниот сектор не е атрактивен. Банките ќе се насочат кон давање на пари на државата и така државата ќе го истиснува приватниот сектор, тоа е еден проблем. А, вториот проблем е и со ова што го направија, иамме ситуација сега следната еврообврзница која што ќе се издава, првин прашање е дали ќе може да собереме толку пари, па затоа минситерот за финансии вели ќе ја разгледаме можноста можеби да не одиме со 600 милиони, туку со 500 милиони евра. Јас не знам навистина како 500 милиони сака да прибере, однсно да издаде еврообврзница во износ од 500 милиони евра кога биџетот не му се полни како што треба, а расходната страна ја реализира така како што му е планирано. Не знам од кај ќе ги прибере остатокот од парите и притоа 500 милиони евра вели, ама вели со каматна стапка најверојатно повеќе од 7%. Разликата помеѓу 6,25 и 7% која што ја очекува, народот го чини за четири години 18 милиони евра за четири години повеќе камата. 18 милиони евра на грбот на граѓаните, затоа што тие не можеа да предвидат дека министерот за правда ќе замине, па нема кој да потпише“, истакна Димитриеска Кочоска.