Министре, пресов Ви е како за на мали деца да им поткажете нешто и да ги подлажете…

1. Споредба на реализација на Буџетот дајте со планот за 2023. Потоа може да заклучувате дали е добро или не.

2. Пред нето ДДВ има една ставка која се вика “Исплата на поврат на ДДВ”. Ќе замолам вашите служби да проверат (кога веќе вие не знаете) колку изнесува. Не мора да прашате во УЈП, прашајте го стопанството по колку време си ги чека парите. Е, кога таа ставка ќе биде реална, тогаш кај ДДВ немате раст од 4,8% туку помалку во однос на лани. А колкава требаше да биде во однос на лани знаете? Проверете се уште еднаш, ве молам.

По ДДВ-то се гледа дека нешто не е добро со економијата. И тоа очекувам да одговорите што е. Грешно планирање, сива економија или ја пеплосавте, економијата.

И второ потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не. Пораз е најголемата компнија во државна сопственост да се донесе во таков колапс, да биде загубар со години и да не може да си обезбеди плати за своите вработени.

Но, ве разбирам, иако не оправдувам, вие како министер славите денес зошто нема да вршите исплата на милионски износи од буџетот кон ЕСМ како досега. Ионака нема веќе од каде да исплаќате. Како што започнав буџетот не е полн, туку за жал празен.

П.С. На крај ДДВ според ваши проекции треба да биде за 21,21% повеќе од 2022 за да можат да се остварат оние 1.276 милиони евра кои сами сте ги планирале.

Извор: Република.