Таа истакна дека власта така го креира ребалансот на буџетот за да може да се расфрла со пари и за предизборен поткуп пред локалните избори, а сето тоа на сметка на граѓаните кои ќе имаат поголеми трошоци преку зголемената еколошка такса.
– Во период на криза зголемија еколошка такса, а лажат дека сакаат да живеат поздраво, плукаа по број на вработени во јавна администрација, за денес да видиме нови вработувања и зголемувања на трошоци токму во јавната администрација. Викаа дека нема да има покачување на струја, ама таа поскапе 12,5%. Од друга страна имаме расфрлање со пари за непродуктивни цели, да не зборуваме за фамозните возила кои се купија, да не зборуваме за градоначалници кои уште седат по кафани, и контрола нема никаква, вработување и договори на дело да ги задоволат потребите преку предизборен поткуп за периодот кој следи, односно локалните избори, потенцираше Димитриеска Кочоска.
Во однос на зголемувањето на просечната и минималната плата таа вели дека власта вештачки ја зголемува минималната плата и со тоа го загрозува стопанството на што реагираше и ММФ, додека просечната плата порасна затоа што луѓето си ниско платени работни места останаа без работа.
– Владата манипулира со просечната плата преку начинот на пресметка бидејќи изгубените нископлатени позиции доведоа до зголемување на просечната плата како на пример во индустријата, во рударство вадење на камен каде се намалил бројот на вработени, а истото е и во преработувачка индустрија. И ММФ не опомена дека минималната плата расте побрзо од продуктивноста, затоа што таа вештачко ја зголемуваат а тоа доведува до проблеми на компаниите и има намалени инвестиции, а се јавува проблем и со сива економија, нагласи Димитриеска Кочоска.