Таа вели дека земјата премногу се задолжила, а во ниту еден момент граѓаните не виделе антикризни мерки.
-Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за време на кризите прво што направија е замрзнување на нови вработувања, а сега во континуитет гледаме нови вработувања. Не продуктивни трошоци има премногу, како што заеме пред некој ден од Фондот за здравство искочи дека купувале нови возила. Ние се задолжуваме и имаме комплетно не сериозен пристап на власта во трошењето на парите. Е сега ова е банкрот, страшно сериозна ситуација, вели Кочоска Димитриеска.
Таа потсети на најавите на власта дека за Македонија е неопходен раст кој пред се ќе биде одржлив во подолг период и не помал од 6 % годишно, но според Кочоска Димитриеска, без кризата СДСМ испорачале просечна стапка на раст од 2017 до 2019 година од 2,4%.
– Кај се тие 6 проценти, а колку ја задолжија земјава? За пет години имаме речиси исто ниво во апсолутен износ на задолжување, како пари, како што имавме за 10 години и огромни стапки на раст, рече Кочоска Димитриеска.
Ситуацијата во Македонија, додава таа е драматична и од аспект на задолжувањето и за што се трошат парите.
-Бројките полошо зборуваат и во бруто домашен производ и во стапки на капитални инвестиции. Во бруто инвестиции во приватниот сектор, а штом нема инвестиции во домашниот сектор значи граѓаните се плашат и не гледаат иднина во државава. Згора на тоа и даночната политика е нестабилна. Е сега станува страшното и е за драматизирање порастот на јавниот долг. Не видовме ни најмало кратење на непродуктивните трошоци најлесно е земи пари потроши ги, но кој ќе ги враќа, потенцира таа.