При денешната посета на општина Свети Николе во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата и мерките на владата за нејзино надминување истакна дека владата е неспособна да се справи со инфлацијата, мерките не даваат никаков резултат и повика јавното обвинителство да се позанимава со извештајот на државниот завод за ревизија кој што е поврзан и со мерките на владата.
„Ако беа преземени сите мерки немаше да слушнеме вчера од страна на гувернерката дека се очекува уште повисока стапка и позабрзана инфлација, значи воопшто мерките не дале никакви резултати, било да зборуваме за замрзнување на цените, а да не отвораме повторно дискусија за енергетска криза и еден куп работи кои што всушност не донесоа до ситуација да имаме инфлација во државава која што е многу повисока во однос на некои други земји. Владата е комплетно неспособна да се справи со тоа, инфлацијата секојдневно ги јаде парите на граѓаните, секој ден се потешко се живее значи животниот стандард никогаш не бил полош иако ако ги погледнеме податоците ќе видиме дека животниот стандард во периодот на владеење на СДСМ во овие последни пет години стагнира. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ тој беше се подобар и подобар но сега имаме стагнација, воедно за инфлацијата нема што повеќе да се додаде граѓаните тоа го чувствуваат секојдневно, одиме во маркети, пазариме, купуваме и гледаме каква е состојбата а од друга страна не гледаме апсолутно никакво придвижување на владата во насока дека ќе направи нешто за да има позитивно ефект. Меѓутоа морам да потенцирам нешто што во континуитет го зборувам во последните денови а тоа е јавното обвинителство малку повеќе да се позанимава со извештајот на државниот завод за ревизија кој што е поврзан со ефектите од мерките кои што ги даде владата бидејќи таму навистина има сериозни работи кои што точно потврдуваат дека не се справивме добро со економијата, не потрошивме толку пари за стопанството колку што зборуваа и заради тоа стопанството буквално ни е на работ на егзистенција исто како и граѓаните“ нагласи Димитриеска Кочоска.