Имаме период каде државата треба да троши на капитална инвестиција, а да ги намали останатите трошоци. Ние во капитални инвестиcии во континуитет гледаме пари кои се трансферираат кон одредени институции, а понатаму се трошат за оперативни расходи. Значи само стои под капата капитални, а во суштина не е така. Демографскиот фактор е сериозен проблем и се помалку имаме работна сила и се борите да ги задржите луѓето и имате повисокои трошоци за платите. Значи на некој начин се вртиме во круг, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Вин вин што се емитува на телевизија Телма, а говорејќи на тема околу актуелните еконосмки прашања во државава.
Според неа, Народната банка нема инструменти и ги покачи каматните стапки.
„Тоа сега кај фирмите прави дополнителен трошок кој повторно оди кај финалниот производ. И ова сега е во континуитет. Ние се вртиме во еден магичен круг кој нема крај“, вели Кочоска.
Кочоска додаде: „Имам впечаток дека Владата не ги истражува вистински кои се факторите зошто кај нас ако пост ковид причината беше понуда и побарувачка за повиски цени, сега инфлационите очекувања се најголем проблем и затоа растат цените, а тоа е најтешкиот облик што може да се искорени, а ние стигнавме до таму“.
Кочоска заклучи дека инфлацијата кај нас стана системски проблем.
Според неа „во војна помеѓу приватен сектор и Влада страдаат граѓаните тоа се покажа со ова што се случува со цените кај нас“.
„Ако имате корупција, криминал, неконтролирано трошење на Буџетот и во исто време носите даночни реформи во кој планирате дополнително да го оптоварите приватниот сектор, нормално е фирмите да менуваат математики, тука требаше државата да ги заштити граѓаните“, вели Кочоска.