Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска објави дека рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија за реципрочна, фер и избалансирана трговија е важен исчекор во економската соработка, со значајни придобивки за македонската економија и конкретна поддршка за домашните компании.

-Македонија и САД постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, силен чекор кон подлабоки економски врски и нови можности за нашите компании.
– Проширен пристап до американскиот пазар за македонските извозници;
– Укинување на царините за американски индустриски и земјоделски производи;
– Задржување на реципрочните царини од 15% од страна на САД, со можност за нула тарифи за избрани македонски производи;
– Зајакнување на синџирите на снабдување и инвестиционата соработка;
– Поддршка за енергетска безбедност и диверзификација на изворите;
– Високи стандарди во дигиталната трговија и заштитата на животната средина;

Овој договор значи повеќе извоз, нови инвестиции и стабилен економски раст, усогласен со современите европски и глобални стандарди.

Овој процес е резултат на посветена и координирана работа на тимови од повеќе институции, како и на македонската амбасада во Вашингтон, на кои им упатувам искрена благодарност за професионалноста и ангажманот, напиша министерката за финансии.

.