Согласно добиените резултати, испитаниците се изјасниле дека градоначалникот Димитриевски е транспарентен, доследен на својата функција и има непристрасен пристап кон сите граѓани на Општина Куманово. Неговиот посветен труд и работа во градењето на квалитетни односи со јавноста, кои го создаваат ликот на секоја институција, со цел навремено информирање за сите активности, значајни за успешно секојдневие на граѓаните се уште едно признание за макотрпната работа и грижата кон граѓаните да бидат навремено информирани за сè што се случува во нивната општина.

„Уште на самиот старт ветивме дека ќе работиме во служба на граѓаните. Транспарентно и отчетно. Одговорно и посветено. Една од нашите заложби покрај домаќинското раководење со институцијата е и објективното, навремено и непристрасно информирање на јавноста. Транспарентноста е важна, затоа што имаме голема одговорност пред граѓаните. Работиме за нив и мораме доследно да им служиме. Се заблагодарувам за наградата за општествено одговорен градоначалник. Ова го потврдува стемежот за квалитетно раководење на институцијата – градоначалник на Куманово. Со ваквиот чесен и искрен пристап на менаџирање на градот заеднички ќе продолжиме и понатаму“, изјави Димитриевски.

Оваа иницијатива има за цел да поттикне, промовира и иницира општествено одговорни активности кај сите активни чинители во сите сегменти во општеството. Се спроведува на национално ниво и во самата кампања учествуваат сите структури: многубројни компании од нашата држава, граѓански активисти, афирмирани претставници на културата и граѓански здруженија.