Димитриевски посочи дека нема потпишано никаква предизборна коализија со ВМРО-ДПМНЕ.

-Нивниот став беше принципиелен и дадоа поддршка на сите кандидати кои беа независни или не беа кандидирани од Социјалдемократскиот сојуз. Условите во Куманово се специфични, бидејќи јас по идеологија сум социјалдемократ и со само донесена одлука се најави мое исклучување на партијата дека наводно сум се самоисклучил од СДСМ. Јас сум бил, сум и ќе останам да бидам социјалдемократ. Останувам отворен за соработка со сите. Коалицијата ќе се гради на принципиелни основи. Се уште немаме договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но пак јас оставам простор за сите советнички групи. Во ниту еден момент не ги нарушив принципите, а бев сведок како тоа се аболицираат, амнестираат луѓе делумно од политичкиот свет, а не сите, бидејќи немаше да имам против доколку беа амнестирани сите. Бевме сведоци на многу непринципиелности во минатото од страна на носители на највисоки државни функции, зошто тогаш тие правила и таквите прашања не ги поставуваат директно до нив, а денеска кога јас сум кандидат на граѓаните за мене е проблем јас да правам било какви коалиции што за некого се непринципиелни, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека неговите идеолошки определби се едно, но сепак мора да ја следи заложбата и волјата на општина Куманово.