Според него, ЗНАМ испиша историја и пратеничка група со освоени околу 60 илјади гласови. Димитриевски истакна дека со граѓаните ќе ја креираат убавата слика на Македонија.

-Сакам да им се заблагодарам на членството на ЗНАМ кое се посвети на оваа историска и голема победа. Се потврди дека нема повеќе да живееме во црн-сив свет, туку етаблиравме нов политички субјект на политичката сцена, изјави Димитриевски.

-Ние сме лев центар, гледам дека веќе некои не копираат, додаде Димитриевски.

Најави дека ќе остане градоначалник на Куманово и доследен на ветувањата и нема да направи „трансфер“ во новата Влада.

-ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори единствено изгуби од Максим Димитриевски во Куманово и јас сум горд на моите кумановчани, кажа Димитриевски.

Рече дека нема пад на бројките во однос на неговите резултати од првиот круг на претседателските избори.